Пандев со најдобри резултати во годината кога АФМ беше првпат домаќин на Европски куп

29.12.2014 16:13

Со истрчани 100 метри за 10.66 тој собра 990 поени со кои е најуспешен во годината во која ги собори рекордите на 60 метри и на 200 метри во сала и на 200 метри на отворено...

Спринтерот Ристе Пандев и годинава има најдобри остварувања меѓу македонските атлетичари. Со истрчани 100 метри за 10.66 тој собра 990 поени со кои е најуспешен во годината во која ги собори рекордите на 60 метри и на 200 метри во сала и на 200 метри на отворено. Зад 20 –годишниот струмичанец како најдобар домашен натпреваруувач е Славчо Мирчевски во скок во далечина, Кристијан Ефремов на 400 метри и Јованче Јанковски во скок во височина.

Најуспешна сениорка е Христина Ристеска, која на 400 метри постигна 57.47 пред спринтерката Валбона Селими и Ирена Темоваво скок во височина. Најдобри младинци се Ѓорѓи Кузмановски и Дрита Ислами, млади младинци Никола Стојановиќ и Катерина Тимчевска, пионери Ѓорѓи Илов и Мери Јанкова и помлади пионери се Анеса Хајдари и Беркан Емини. Признанија за животно дело добија Андон Стоев од АК Тиквеш и Ташко Благоев од АК Скопје, како  и сите кои ги подобрија државните рекорди.

Во своето обраќање претседателот на федерацијата Крсто Серафимовски со задоволство истакна дека во годината кога Македонија беше првпат домаќин на Европскиот куп на 10.000 метри за мажи и жени како дел од Европското првенство во атлетика.Во годината во која низ улиците на главниот град продефилираа светски познати имиња во Скопскиот атлетски маратон,во која нашите репрезентативци за првпат освоија медал на екипното крос првенство во Турција, и конечно година кога се соборени 5 сениорски и 7 рекорди во помладите категории, македонската “Кралица на спортовите“ покажа дека прави исчекор кон подобри резултати и на резултатски и на организациски план, што е тренд кој мора да продолжи во наредната 2015 година.