Снегот престана да паѓа, но невремето направи проблеми
Надлежните не се безгрижни. Од синоќа Кризниот штаб ја следи состојбата во завените предели. Ситуацијата се нормализира. Но, повикуваат на готовност...

Никој не е посреќен од Теодор, Стефан и нивните врсници. Многу се израдувавме кога надвор видовме дека вее снег, велат тие. Но, не се радуваа и оние што утрово задоцнија на работа, нуту пак оние што од 7 часот го чистат снегот.
Булеварите се проодни. Тротоарите се замрзнати. Иако по тротоарите се чекори со страв, безгрижно може да се вози санка.
Но, надлежните не се безгрижни. Од синоќа Кризниот штаб ја следи состојбата во завените предели. Ситуацијата се нормализира. Но, повикуваат на готовност.
„Доколку општините немаат капацитет истото да го направат, се обраќаат до Дирекцијата за заштита и спасување, која има склучено договор со компании, им дава налог да пристапат кон чистење на тие патишта. Доколку нема доволно капацитети Дирекцијата, тогаш ќе се вклучи и Армијата“, изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Во соработка со Црвениот крст, веќе се подготвени околу 500 пакети, Агенцијата за стокови резерви заедно со Министерството за здравство прават пакети со лекови, така да се подготвуваме доколку се случи поголемо невреме.
АМСМ ја следат состојбата и аплеираат до возачите.
„Сепак станува збор за планински премини, и покрај тоа што Стража е оспособен, потребна е поголема внимателност таму, на Катланово исто така, Буково, Ѓавато, потребно е повнимателно да се вози“, изјави Радмила Пешко од АМСМ.
Неделава не очекуваат ниски температури до -20 степени. Врнежи од снег, не очекуваат повторно викендов.
Наташа Јанчиќ
