Внимателно движење на снегот: Зголемен број скршеници на екстремитетите

29.12.2014 17:03

Повеќе од 20 граѓани завршиле со гипс на рацете и нозете. Најмногу дошле на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“. Поради сериозноста на скршениците 6-мина се задржани на лекување, двајца се оперирани...

Снегот што остана на улиците и тротоарите го зема данокот. Повеќе од 20 граѓани завршиле со гипс на рацете и нозете. Најмногу дошле на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“. Поради сериозноста на скршениците 6-мина се задржани на лекување, двајца се оперирани.

„Замрзнато е, тешко се одвива се, неможе да се чисти, најверојатно неможат да постигнат, но се снаоѓаме полека... Некогаш ќе се паднам, но ќе станам- што ќе правиш“, велат анкетираните граѓани.

Кај постарата популација има повреди и на колковите.  

„Постарата популација да не излегува надвор, бидејќи постои опасност да се здобијат со скршеници во предел на колкот. Уште еден апел да не одат по надри лекари да се јават во хируршките клиники во трауматолошките центри каде што ќе бидат правилно дијагностицирани и покасно лекувани или оперирани“, изјави д-р Виктор Камиловски- хирург трауматолог.

Поради ваквото време, докторите очекуваат бројката на граѓани со скршеници на екстремитетите  да се зголемува.

По најавите на хридрометеоролозите дека во наредните денови температурата ќе падне и повеќе од десетина степени под нулата, а тоа ќе доведе до голомразица лекарите апелираат на внимателно движење.

 

Андријана Атанасовска