Снежните врнежи не донесоа поголеми пореметувања во авиосообраќајот
Вчера дел од компаниите превентивно сами одложиле некои од летовите, но денеска веќе се во нормала. Каква е во моментов состојбата на „Александар Велики“ објаснува директорот на скопскиот аеродром, Јигит Лачин...

Сакаме да ја информираме јавноста и патниците дека скопскиот аеродром „Александар Велики“функционира нормално. Сите летови се реализираат според редовниот распоред на летање, вели Лачин.
Поради обилните врнежи од снег и невремето што вчера ја зафати Македонија, авиокомпаниите одлучија да откажат и пренасочат некои од нивните летови. Сепак, јавноста треба да знае дека овие одлуки во авиосообраќајот секогаш се носат, пред се, поради безбедноста на патниците, додава првиот човек на скопскиот аеродром „Александар Велики“.
Како оператор на аеродромот, ТАВ Македонија, заедно со сите релеватни државни институции ги презема сите неопходни активности, со цел аеродромот „Александар Велики“ да функционира нормално во овие екстремни временски услови.
Фиљана Кока
