Група студенти и професори побараа од пратениците повлекување на Законот за високо образование
Паралалено со седницата на која беше Законот за виското образование, група студенти и професори пред парламентот со барање актот да се повлече и да се организира јавна дебата за реформите. Оние кои ги поддржуваат новините сметаат дека државниот испит ќе го зголеми квалитетот на високото образование...

Група студенти и професори се собраа пред Парламентот и ги доставија барањата до пратениците- повлекување на законот за високо образование и јавна дебата за реформите.
„Се надеваме дека пратениците внатре ќе не слушнат и дека ќе ни дадат време во еден пристоен период, ќе го повлечат законот и во наредните три месеци да разговараме за она што е од општо добро“, изјави Билјана Ванковска, универзитетски професор.
„Се надеваме дека денеска конечно ќе поттикнеме дискусија меѓу студентите и професорите, министерството, собранието“, вели една студентка.
Професорите кои ги поддржуваат реформите и сметаат дека државниот испит ќе го зголеми квалитетот на високото образование ги објаснија причините зошто се непоходни новините.
„Неминовно е дека квалитетот би се зголемил ако сите се на исто ниво затечени со овие реформи“, изјави професор Данило Ристиќ, од Институтот за земјотресно инженерство.
Против реформите се професорите кои несакаат да пишуваат трудови или немаат пристап до меѓународните релевантни списанија за да им бидат објавени, смета премиерот Никола Груевски. Според него тоа е причината зошто тие протестираат и ги мотивираат студентите на протести.
„Затоа е потребен овој Закон затоа што сме на дното, на опашката на Европа. Затоа е револтот, јас ги разбирам професорите, но не се согласувам со нив“, изјави премиерот Никола Груевски.
Дел од медиумите објавуваат звучни имиња на професори без ниту еден објавен научен труд во реномирано меѓународно списание. Меѓу нив дури и декани на најпрестижните факултети, на правниот и на економскиот Борче Давитковски и Љубомир Дракулевски.
Без трудови се и професорите Мирјана Најчевска, Ристо Малчевски, Каролина Ристова Астеруд, Радмила Шеќеринска, Ванчо Узунов, Бобек Шуклев.
Според последните статистики македонските професори минатата година објавиле само 300 научни трудови во меѓународни признати научни списанија. Колку за споредба, нивните словенечки колеги објавуваат околу 10 илјади трудови годишно во меѓународните признати научни списанија.
Викторија Тодоровска
