МЕПСО: Елекетроенергетските постројки во Охрид под напон
29.12.2014 18:18
Со тоа на високонапоска страна градот Охрид доби напојување со електрична енергија...

Во 17 часот екипите на Македонскиот електропреносен систем оператор (МЕПСО) завршија со планираните активности и ги вклучија под напон двете трансформаторски станици во Охрид.
Со тоа на високонапоска страна градот Охрид доби напојување со електрична енергија.
Останува операторот на дистрибутивен систем да започне со манипулации и со вклучување на реоните во Охрид, соопшти попладнево МЕПСО.
