После 30 часа, стружани имаат вода за пиење
29.12.2014 23:26
После 30 часа без вода за пиење, вечерва околу 21.30 минути конечно стружани имаат вода за пиење...

Заврши голготата на стружани. После 24 часа без електрична енергија и 30 часа без вода за пиење, вечерва околу 21.30 минути конечно стружани имаат вода за пиење.
Водата не се препорачува веднаш да се пие или доколку е неопходно тоа да се направи со испушање на славината барем 15-тина минути, а потоа и превривање, се додека не се стабилизира поточно не истече водата која цели 30 часа беше во водоводната мрежа.
Стружани од вчера попладнето околу 17 часот поради лошите временски услови зафатени од снежното невреме останаа без електрична енергија и вода за пиење.
Јованчо Наумоски
