Јанакиески: Не сум задоволен од работата на „Македонија пат“

29.12.2014 22:27

Што се однесува до снабдувањето со електрична енергија министерот Јанакиески рече дека состојбата во Охрид е стабилизирана и дека во текот на утрешниот ден, до 14 часот струја ќе добијат скоро сите населени места...

На состанокот на координативното тело што вечерва се одржа во Охрид, министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески рече дека не е задоволен од динамиката на чистењето на магистралниот пат Охрид- Кичево од страна на „Македонија пат“.

Тој најави вонредни активности за расчистување на оваа сообраќајница која според ветувањето на директорот на „Македонија пат“ ќе биде проодна за сите моторни возила во текот на утрешниот ден.

Што се однесува до снабдувањето со електрична енергија министерот Јанакиески рече дека состојбата во Охрид е стабилизирана и дека во текот на утрешниот ден, до 14 часот струја ќе добијат скоро сите населени места, кои во моментот се исклучени од енергетскиот систем.

 

Сашо Нелоски