Прекин на патниот сообраќај на одредени правци
30.12.2014 09:38
Снежните врнежи и студеното време го отежнаа патниот сообраќај...

Авто мото сојузот на Македонија утрово информира дека патот Охрид - Кичево кај Пресека е во прекин за тешките товарни возила, а забрана за движење на овие возила има и на патните правци Гостивар - Маврово - Дебар, Тетово – Попова Шапка, Тетово – граничен премин Јажинце, Дебар - Струга, Буково, Ѓавато и Струга – граничен премин Ќафасан.
Забрана за тешките товарни возила на сите патни правци има и на подрачјето на Тетово.
Непристапни се селото Герман кај Крива Паланка и селото Дренак, кумановско, а затворени за сообраќај се патот Кочани – Пониква, Велес – С. Нежилово и Велес – Ореше.
Во околината на Македонски брод пак непроодни се 47 села, а во околината на Скопје, непроодно е до Танушевци, Брест, Малина маала, Горно и долно Блаце, Љуботен и Побожје. Исто така, непроодни се патиштата кон селото Мојанци.
На останатите патишта сообраќајот се одвива во зимски услови, со остатоци од кашест снег на коловозот.
