Утре почнува зимскиот распуст за учениците

30.12.2014 09:44

Второто полугодие ќе почне на 20-ти јануари...

За околу 280.000 основци и средношколци денеска е последен училишен ден во првото полугодие од учебната 2014/2015 година и од утре тие ќе бидат на зимски распуст. 
 
Учениците ќе се вратат во училишните клупи во второто полугодие, кое ќе почне на 20-ти јануари 2015 година.