Предупредувачка жолта фаза во три региони во државата
Станува збор за следните три региони: Охрид – Преспа, Полог – Порече и Осогово – Малешево, а во зависност од регионот температурите ќе се движат во следниот интервал: од – 10 до – 17 Целзиусови степени, посебно во утринските часови...
Според најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на денешниот ден три региони од државата ќе бидат зафатени со пониски температури кои ја дефинираат жолтата, односно предупредувачка фаза, соопшти Министерството за здравство.
Станува збор за следните три региони: Охрид – Преспа, Полог – Порече и Осогово – Малешево, а во зависност од регионот температурите ќе се движат во следниот интервал: од – 10 до – 17 Целзиусови степени, посебно во утринските часови.
Се очекува до крајот на неделата да преовладуваат пониски температури во овие региони.
Граѓаните од целата држава, а особено од градовите: Тетово, Гостивар, Дебар, Охрид, Струга, Ресен, Берово, и др., треба да ги почитуваат општите препораки за заштита од ниските температури, како што се: носење топла облека и соодветни обувки за снег или мраз, редовно конзумирање топли напитоци, избегнување подолг престој на отворено освен ако не е неопходно, како и внимателно движење по лизгави површини.
Согласно препораките, посебно треба да внимаваат ранливите категории на население, како што се повозрасните и хронично болни лица, кои покрај почитувањето на општите препораки, треба и редовно да ја земаат пропишаната терапија.
Детални информации за појавата на студени бранови континуирано се достапни на веб-страната http://www.studenibranovi.mk/.
