Расте бројот на заболени од Ебола

30.12.2014 10:27

Според податоците на СЗО, бројот на заразени луѓе во Сиера Леоне, Либерија и Гвинеја достигнал 20.081...

Бројот на заразени со вирусот на ебола во трите најтешко засегнати земји од епидемијата надмина 20.000 лица, а досега се регистрирани и 7.842 смртни случаи, соопшти СЗО.
 
Според податоците на СЗО, бројот на заразени луѓе во Сиера Леоне, Либерија и Гвинеја достигнал 20.081.
 
Повеќе од една третина од случаите се регистрирани во Сиера Леоне, што оваа земја ја прави најтешко погодена во оваа епидемија.