Божиќна порака на поглаварот на МПЦ
Се исполнило времето, па во личноста на Богомладецот се соединиле создателот и созданието. Бог од љубов постанал човек – богочовек, за да може човекот да се препороди и обожи. Вечниот и надвремен Господ, со своето раѓање во времето, ни овозможил на нас луѓето да се издигнеме над времето и да постанеме синови божји. И, ете, токму тој настан, таа голема тајна на побожноста и тоа чудо над сите чуда – го празнуваме на овој ден.

Затоа Божиќ е доживување на единството со Христа и прославување на бога. Кој живее во нашата вера во Неговото раѓање како ќовек и спасител на светот. А ние, ќе покажеме дека не само по името, туки по верата и делата сме негови следбеници, ако неговата вистина ја потврдуваме само со својата вистина, Неговиот со нашиот пат и Неговата со нашата љубов. Во ова време со многу искушенија, најголемата утеха и најсигурниот мир ги имаме едиснтвено во Христа Спасителот и Помирителот на небото и земјата.