20 милиони евра за развој на помалите селски општини
Нови 20 милиони евра ќе бидат распределени за развој на помалите селските општини. Овие пари се од европските ИПА фондови и ќе послужат за инвестирање на две намени...

20 милиони евра од ИПА фондови ќе бидат искористени во два проекта, односно за инфраструктурата и за наводнувањето. Секоја од руралните општини ќе добие по 240.000 евра, а урбаните по 120.000 евра.
Најголемиот дел од средствата се наменет и за водоснабдување, третман на отпадните води, управување со цврст отпад, изградба и реконструкција на локални улици и патишта.
Исто така ќе се финансираат и туристички и рекреативни објекти, детски градинки, културни центри и сите предлози на општините оценети како приоритет.
Општините парите ќе ги добиваат неповратно, а наскоро треба да биде распишан и конкурсот на кој ќе може да се поднесат барањата.
Методија Трајков
