Се нормализира животот во охридско и струшко

30.12.2014 12:31

Од денеска состојбата се стабилизира. Животот во Охрид и во Струга полека се нормализира, градовите кои во изминативе два дена ја почувствуваа сета сила на зимата...

Во охридско-струшкиот регион невремето со снег удри најжестоко и предизвика проблеми во сообраќајот и во снабдувањето со струја. Делови од магистралните патишта беа непроодни, дел од селските се уште се отсечени, а градовите беа без струја и вода речиси по 30 часа.

Од денеска состојбата се стабилизира. Животот во Охрид и во Струга полека се нормализира, градовите кои во изминативе два дена ја почувствуваа сета сила на зимата.

Денеска е воспоставено редовно снабдување со електрична енергија, вода има, а продавниците полека ги полнат испразнетите рафтови, по вчерашната трка на граѓаните да купат што повеќе резерви од прехранбени продукти и вода.

Патиштата што ги поврзуваат градовите се исчистени и проодни, но не задоволува динамиката на чистењето на магистралата Кичево-Охрид, за што министерот јанакиески синоќа на седницата на кризниот штаб во Охрид, побара од надлежните поголема ангажираност.

Од „Македонија пат“ ветија дека до пладне сите патишта ќе бидат целосно оспособени за сообраќај.

Останува уште градските власти на Охрид и на Струга да бидат поангажирани во расчистување на градските улици, а и самите трговци и граѓаните да преземат дел од оваа обврска.