Кошарка - НБА

Чикаго повторно е во победнички ритам!

30.12.2014 12:44

Иако имаше +21, Чикаго во последниот период постигна само 11 поени, вклучувајќи ја и победоносната тројка на Батлер кој со 27 поени беше најефикасен...

Чикаго е единствената екипа на којашто не и беа потребни минимум сто поени за победа во шесте НБА натпревари. Седмиот триумф во серија, Булс го остварија на гости против Индијана со 92:90. Иако имаше +21, Чикаго во последниот период постигна само 11 поени, вклучувајќи ја и победоносната тројка на Батлер кој со 27 поени беше најефикасен.

Вашингтон третпат по ред беше подобар од Хјустон, сега на гости со 104:103. Бил реализираше 33 коша, исто колку и домашниот кошаркар Харден кој девет од нив  постигна во последните 20 секунди.

Во дербито на Флорида, Орландо конечно по десет порази беше подобар од Мајами со 102:101, најмногу благодарение на Црногорецот Вукчевиќ кој даде 26 коша.

Бруклин се во добар ритам од четири триумфи во пет меча, откако славеа против Сакраменто со 101:97. Најпрецизен кај Нетс беше Пламли со 22, кај гостите Геј со 25 поени.

Клиперс и четврти меч во низа ја совладаа Јута. 101:97 во коишто со најмногу поени, 24 учествуваше Грифин.

Дополнителните пет минути решаваа во дуелот Шарлот - Милвоки. Се радуваа Бакс со 104:94, иако имаа и предност од 17 поени. Сепак Милвоки, во којшто најдобар со 18 пеони беше Најт, го доби продолжението со 21:11.