Струга: Туристичките капацитети пополнети за празниците

30.12.2014 12:48

Претстојните новогодишни и божиќни празници ги наполнија струшките сместувачки капацитети. Покрај вообичаената угостителска понуда, годинава туристичките работници понудија и нови содржини за анимирање на гостите...

Новогодишните празници во туристичките места се подеднакво актуелни исто како и летниот и зисмскиот туризам. Струшкиоте хотелиери и оваа година веќе се букирани со резервации и нивната исполнетост е со висок процент. Дел од нив имаат  интересни пакет аранжмани со кои на гостите им се нуди вистинска четири дневна новогодишна забава.
 
„Годинава секако имаме и нови пакети со цел да придобиеме и нови гости, пакети кои што го вклучуваат и традиционалниот "Ручек со лебедите" кои што го организираме на 1-ви Јануари на плажата пред хотел Дрим . На 2-ри организираме и крстарење со брод за сите наши гости, на 3-ти организираме и посета на Вевчани“, изјави хотел менаџерот на хотел Дрим, Ана Јанчева Дудановска.
 
Новата година Стружани повеќе сакаат да ја поминат во  домашен амбиент но дел од нив со оглед на тоа дека Струга е туристичко место ќе бидат и на своето работно место.
 
„Јас сум на работа на 31-ви, дежурна ќе бидам... Дома... Ние сме од Штип, се враќаме таму во домашна атмосфера со пријатели, најубаво е така“, велат случајно анкетираните граѓани.
 
За оние кои сакаат Новата година да ја дочекаат надвор од своето место и оваа година од туристичките агенции понудата е одлична. Најпосетувани дестинации се европските метрополи но и околината, велат од таму.
 
„Најпродавани и најбарани последниве години се: Истанбул, Будимпешта и Прага а оваа година можеби како една од поевтините доста интересна  е понудата за Будва која би опфатила претежно и помлада популација“, вели Бети Попоска, туристички работник.
 
Прославата на најлудата ноќ во годината ќе биде разнолика. Сите  се организираат во зависност од домашниот  буџет-едни дома, други во топлите краишта, друг пак ќе заминат во некој зимски скијачки центар. Услов е да има снег. 
 
 
 
Јованчо Наумоски