Директорот на Институтот за медицина на трудот проневерил 145.000 евра- пари на пациенти
Истрагата и увидот во сметководственото работење, покажале дека во благајната е внесуван помал промет од реалниот...

Проневерени 145 илјади евра, пари на пациенти, од Институтот за медицина на трудот. Финансиската полиција поднесе кривични пријави против тројца вработени, меѓу кои е и директорот на јавната здравствена установа.
Истрагата и увидот во сметководственото работење, покажале дека во благајната е внесуван помал промет од реалниот.
Како што информираат од финансиската полиција, директорот на институтот, лично или преку неговиот возач, присвојувал наплатени средства од пациенти, а за тоа не потпишувал никакви документи, а дополнително, си подигнувал и аванси без соодветно оправдување за трошоците.
Второ и трето пријавената не го спречиле ваквото однесување на директорот, напротив, три години изготвувале фалсификувани завршни сметки.
Двете се лишени од слобода, а директорот е во бегство. По него ќе биде распишана потерница.
