Јанакиески: Прооден патниот правец Кичево- Охрид

30.12.2014 13:19

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески потврди дека кај Пресека е почната операција на ослободување на 13-те завеани возила, и тие во текот на денот ќе бидат префрлени во Охрид...

Од пет часот изутринава е прооден патниот правец Кичево-Охрид. Во расчистувањето на снежните наноси биле ангажирани повеќе од 10 машини на „Македонија пат“, и на приватни фирми. Патот е прооден за лесни возила и камиони со тежина до 5 тони.
 
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески потврди дека кај Пресека е почната операција на ослободување на 13-те завеани возила, и тие во текот на денот ќе бидат префрлени во Охрид.
 
Покритична е состојбата со завеаните планински села во дебарско и во околината на Македонски Брод.
 
Во расчистувањето на патиштата ќе бидат вклучени и дирекцијата за заштита и спасување и локалните самоуправи.
 
Во сабота се очекуваат нови врнежи од снег, но не со голем обем, за што надлежните служби веќе прават подготовки, нагласи министерот Јанакиески.