Пратениците расправаат за пакет законите од областа на образовниот процес

30.12.2014 13:22

На дневен ред се измените на законите за основно и за средно образование, Академијата за наставници, предлог законот за обука и испит на директори во основните и во средните училишта...

Пратениците во Собранието расправаат за пакет законите од областа на образовниот процес. На дневен ред се измените на законите за основно и за средно образование, Академијата за наставници, предлог законот за обука и испит на директори во основните и во средните училишта, и за високообразовните установи за образование на наставниот кадар во училиштата.

На пленарната сесија треба да се разгледува и предлог законот за задолжницата, но предходно по скратена постапка треба да го помине филтерот на матичната комисија за финансирање и буџет.