Мигранти од Сирија откриени во кумановско

30.12.2014 14:35

Меѓу мигрантите имало и едно малолетно лице...

Петмина сириски мигранти се откриени вчера во возило „опел вектра“ управувано од Ф.Д. (28) од село Ваксинце во атарот на село Речица, кумановско.
 
Меѓу мигрантите имало и едно малолетно лице.
 
Лицата се приведени во СВР Куманово за расчистување и документирање на случајот.