Собранието го прифати пакетот- закони од областа на образовниот процес
Вчера беа прифатени измените во Законот за високото образование, со кои се предвидува воведување државен испит...

Пратениците го прифатија пакетот закони од областа на образовниот процес. Помина првата фаза од измените на законите за основно и за средно образование, Академијата за наставници, предлог- законот за обука и испит на директори во основните и во средните училишта.
Вчера беа прифатени измените во Законот за високото образование, со кои се предвидува воведување државен испит.
Втората фаза од законските измени во образованието на матичната комисија е по Божиќните празници.
На денешната пленарна сесија треба да се разгледуваат и предлог- законите за задолжницата и за финансиската дисциплина по скратена постапка.
На Комисијата за финансирање и буџет, владата со амандман предложи задолжницата да биде на доброволна основа.
