Критичарот на Путин, Алексеј Навални доби 3,5 години условна казна

30.12.2014 14:46

Навални, пред судот ги повика приврзаниците да излезат на улица и да го урнат режимот на Путин, бидејќи, како што вели, тоа е политички мотивиран процес...

Три и пол години условна казна за рускиот опозиционер Алексеј Навални, под обвинение дека украл 31 милион рубљи од руската подружница на француската фирма „Ив Роше“.

Навални, пред судот ги повика приврзаниците да излезат на улица и да го урнат режимот на Путин, бидејќи, како што вели, тоа е политички мотивиран процес. 

Навални ги предводеше масовните протести против рускиот претседател Владимир Путин пред три години.