Снежно невреме во Бугарија

30.12.2014 14:48

200 возила, со часови беа заробени на патот Монтана-Лом...

Снежно невреме ја зафати и Бугарија. Наносите, што во северозападниот дел на земјата достигнуваат до три метри, целосно го парализираа сообраќајот.

200 возила, со часови беа заробени на патот Монтана-Лом.

Во неколку општини е прогласена вонредна состојба, со предупредување до граѓаните, доколку немаат итна потреба да не излегуваат од домовите.

Силниот ветер доплонително ја отежнува состојбата.