Фудбал

Ништо од трансферот на Пандев во Џенова

30.12.2014 15:16

Откако Пандев ги договори личните услови за враќање во Серија А со претседателот на екипата на Џенова, Енрико Прециози, италијанските медиуми најавија скорешна реализација на договорот...

Горан Пандев останува во Галатасарај а Торино е повторно во пол позиција во трката за македонскиот интернационалец. Трансферот на македонскиот ас е стопиран поради бирократски проблеми.

Откако Пандев ги договори личните услови за враќање во Серија А со претседателот на екипата на Џенова, Енрико Прециози, италијанските медиуми најавија скорешна реализација на договорот.

Но, првиот човек на италијанскиот прволигаш денеска објави дека нема ништо од зделката зашто Џенова веќе ја исполнила квотата за ангажман на странски фудбалери за оваа сезона.

Правилата на Италијанската Фудбалска Федерација се јасни дека секој клуб може да обезбеди само по еден нов играч што доаѓа од земја надвор од Европската Унија.

Џенова, се разбира  го знаела ова, но одела на варијантата да го регистрира Пандев како домашен фудбалер со оглед на тоа што Македонецот има и италијански пасош.

Новиот развој на настаните го става тимот на Торино во најповолна позиција да го донесе во своите редови македонскиот интернационалец, иако Пандев не ја отфрла опцијата да остане во Галатасарај и со поголема минутажа да ги потврди своите квалитети.     

 

 

 

.