ВИП и ОНЕ потпишаа договор за спојување
Во соопштението се наведува дека Телеком Австрија Групацијата заедно со Телеком Словеније Груп, поднесе нотификација за концентрација до Комисијата за заштита на конкуренција на РМ...

Вип оператор и Оне потпишаа договор за спојување, кој се пре-регистрира во Централниот регистар на Република Македонија. Трансакцијата е предмет на одобрување од страна на релевантните институции, а се очекува да биде завршена во првиот квартал на 2015 година, соопштуваат од компанијата.
Во соопштението се наведува дека Телеком Австрија Групацијата заедно со Телеком Словеније Груп, поднесе нотификација за концентрација до Комисијата за заштита на конкуренција на РМ, во однос на намерата за спојување на својата подружница Вип оператор со компанијата Оне во сопственост на Телеком Словеније Груп.
На 22 октомври годинава Телеком Австрија објави дека се договори со Телеком Словеније за спојување на нивните подружници Вип оператор и Оне.
Телеком Австрија Групацијата ќе има 55% и целосна контрола во новосоздадениот ентитет, додека Телеком Словеније Груп ќе поседува 45%.
Договорот, исто така, вклучува опции за купување и продажба за излегување на Телеком Словеније од заедничката компанија во рок од три години од затворањето на спојувањето.
