Евакуирани три лица од струшкото село ’Ржаново

30.12.2014 15:30

По пристигнувањето во Струга лицата изјавија дека се чувствуваат добро и се благодарни на Центарот за справување со кризи и МВР...

Со хеликоптер на МВР денеска беа евакуирани три лица од струшкото село ’Ржаново. Освен овие лица нема други барања за евакуација.

По пристигнувањето во Струга лицата изјавија дека се чувствуваат добро и се благодарни на Центарот за справување со кризи и МВР.

Две машки лица и едно дете денес беа спасени, жители на Струга кои од четвртокот отишле на викенд во ова струшко село, но поради снежното невреме не можеле да се вратат назад.

Храна имале само за неколку дена и кога констатирале дека нема никакви шанси да се вратат во градот побарале помош.

Како што изјавија, на тоа место имало повеќе од еден метар наврнат снег.

 

Јованчо Наумоски