Европа: Студеното време одзема животи

30.12.2014 16:31

По невобичаено топлото време, живата на температурите во Франција драстично се спуштија, односно до минус 14 степени, а на планините и до 22...

Петмина бездомници починале од студ во Франција, по студениот бран што ја зафати земјата во последните неколку дена. Меѓу починатите има и еден белгиец којшто живеел во шатор со неговата мајка.

По невобичаено топлото време, живата на температурите во Франција драстично се спуштија, односно до минус 14 степени, а на планините и до 22.

Во Бугарија, пак, снегот го попречи сообраќајот. Околу 200 автомобили со часови беа заробени на патот Монтана – Лом.

Во неколку општини е прогласена вонредна состојба, и е издадено предупредување до граѓаните да не излегуваат од домовите доколку немаат потреба.