НБРМ: Економијата и натаму ќе расте

30.12.2014 16:42

Поволни движења се забележани кај депозитите...

Домашната економија ќе расте, но со малку забавена динамика – покажуваат најновите податоци на Народната банка.

Поволни движења се забележани кај депозитите. Годишната стапка на раст изнесува 8,5 насто, а согласно октомвриската проекција за последниот квартал годинава предвидува раст од 8,8 проценти. Структурата на депозитите и натаму е стабилна – стои во извештајот.

Пад има кај девизните резерви од 13,8 милиони евра во однос истиот квартал минатата година што според Централната банка се должи на нето продажбата на девизи и трансакциите на сметка на државата.

Од НБРМ убедуваат – девизните резерви остануваат во сигурна зона.