Инцидент во грчки води: Брод со 700 мигранти бара помош поради вооружени лица
Овој инцидент се случува во непосредна близина на местото каде што пред само два дена избувна пожар на грчкиот ферибот Норман Атлантик на кој што се превезуваа близу 500 лица...

Нова поморска драма во Јонско Море, јавува дописникот на МРТ од Атина. Молдавскиот товарен брод Блу Скај кој што пловел кон Риека, близу до Корфу испратил СОС сигнал дека е киднапиран од вооружени лица. Грчките поморски власти ја почнаа потрага по бродот кој што превезува 700 илегални мигранти. Поради екстремно лошите временски услови властите од Корфу засега не се во можност да се вклучат во акцијата.
Овој инцидент се случува во непосредна близина на местото каде што пред само два дена избувна пожар на грчкиот ферибот Норман Атлантик на кој што се превезуваа близу 500 лица. И оваа спасувачка акција сеуште е во тек, а од таму се пренасочени хеликоптер и фрегата во потрагата по киднапираниот брод.
„Траектот сеуште плови без контрола. Ја продолжуваме потрагата по исчезнатите со хеликоптери и со авиони“, информира претставникот на италијанската воена морнарица Џовани де Џорџи.
Во оваа трагедија досега животот го загубија 10 лица, а 40 се изчезнати.
Марија Котовска – постојан дописник на МРТ од Атина
