Против Словенија за чест

05.01.2014 13:51

Со двата пораза без освоен сет во дуелите со Србија и со Португалија, македонските одбојкари ги загубија шансите за висок пласман на мундијалскиот квалификациски турнир во Ниш. Денеска против Словенија нашата репрезентација ќе игра за сопственото реноме, а ривалот има можност да остане на курсот кон Светскиот шампионат.

Во другиот натпревар од групата, домаќинот Србија ќе се сретне со Португалија со надеж дека ќе го задржи стопроцентниот ефект досега. Србите не загубија сет пров нас и во одмерувањето на силите со Словенија, а Португалија претрпе пораз од директниот конкурент Словенија и поради тоа има помали шанси за освојување на второто место на нишкиот турнир.

***

Квалификации за СП, турнир во Ниш:

3.коло, денеска

Македонија – Словенија

Србија – Португалија

***

2.коло, вчера:

Македонија – Португалија 0-3 (14-25, 31-33, 21-25)

Србија – Словенија 3-0

***

1.коло, петок:

Македонија – Србија 0-3 (22-25, 22-25, 23-25)

Словенија – Португалија 3-1