Сообраќајот се одвива отежнато

31.12.2014 10:01

Авто мото сојузот на Македонија информира дека на коловозите има остатоци од снег, а врнежи од слаб снег има во поголемиот дел од земјата, освен на Стража каде тие се со посилен интензитет...

Сообраќајот во Македонија се одвива отежнато во зимски услови. На патиштата има забрани само за тешки товарни возила. Авто мото сојузот на Македонија информира дека на коловозите има остатоци од снег, а врнежи од слаб снег има во поголемиот дел од земјата, освен на Стража каде тие се со посилен интензитет. Поради ниските температури во ноќните часови е забележана појава на голомразица.
 
Од 08:30 часот воведена е забрана за тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, а забрани за овие возила има и на патните правци Гостивар-крак Маврово-Дебар, Тетово-Попова Шапка, Тетово-граничен премин Јажинце, Дебар-Струга, Струга-граничен премин Ќафасан, како и на планинските премини Стража, Пресека, Буково и Ѓавато.
 
Автобускиот и железничкиот сообраќај исто така се одвиваат во зимски услови, но без застои. На автобуската станица во Скопје засега поредовно пристигнуваат и тргнуваат автобусите.