Светот ја испраќа старата и ја пречекува Новата 2015-та година
По примерот на светските метрополи, највеселата ноќ ќе биде пречекана и на плоштадот „Пела“ во Скопје, како и во другите градови во земјава...

Стотици милиони луѓе во светот ја испракаат старата, со надеж и верба ќе ја пречекаат новата 2015- та година. На плоштад, во кафеана, во ресторан или паб, најголем дел во домашна атмосфера - секој со своја желба и со убава мисла.
По примерот на светските метрополи, највеселата ноќ ќе биде пречекана и на плоштадот Пела во Скопје, како и на плоштадите низ остнатите градови во земјава.
На плоштадот Пела, граѓаните ќе ги забавуваат македонските ѕвезди. Новогодишниот концерт ќе почне во 21 часот, а ќе трае до раните утрински часови.
Точно на полноќ, небото над Скопје ќе биде осветлено со спектакуларен огномет.
Напладне во 12 часот, пред Порта Македонија ќе пристигне и Дедо Мраз, ќе ги израдува најмладите.
Улиците во македонската метропола се украсени, организиран пречек ќе има и на скверот Јадран.
Апел од надлежните – граѓаните да се воздржат од петарди на Новогодишната ноќ.
