Три лица починаа од студ во Бугарија
31.12.2014 10:31
Поради невремето без електрична енергија се десетици села во северна Бугарија...

Три лица починаа во Бугарија како последица на „сибирскиот студ“ проследен со снежно невреме што последниве два дена ја зафати земјата, јавија бугарските медиуми.
Еден болен починал во амбулантно возило, кое останало заглавено во снегот движејќи се кон болницата во северниот бугарски град Лом. Во близина на градот Враца во северозападна Бугарија, еден 56-годишен маж измрзнал до смрт во својот автомобил, откако останал заглавен на патот. Во селото Барзина во реопнот на Враца телото на еден 90-годишник било пронајдено измразнто во дворот на неговата куќа.
Бугарската служба за цивилна заштита во текот на вчерашниот ден евакуирала околу 320 лица и деблокирала 640 возила, кои останале завеани во снегот во северните делови на земјата.
