Кои настани во внатрешноста на САД ја обележаа 2014-та?
Департментот за внатрешни работи мината година работеше на проекти за заштита на природата, национални споменици, ретки животински врсти и превенција од природни катастрофи...

Заштита на природните богатства беше приоритет за американскиот Департмент за внатрешни работи во 2014-та година. Ранчерите, фармерите се препринтираат на користење на еколошки чисти извори на енергија. Населените места долж брегот на Атланскиот окена поучени од катастрофалните штети по ураганот Сенди, почнаа акции за пошумување.
„102 милиони долари се донирани за спречување на идни штети од непогоди“, изјави вработен во Департментот за внатрешни работи.
Американскиот Претседател и правта дама за првпат ги посетија индијанските резервати во Америка и за заложија за поголема образованост на децата и економски раст. Во 2014-та година, ендемска врста на птици во Америка беа спасени од изумирање. Борбата против нелегалната трговија со слонова коска од Африка стана дел од задачите на Департментоза внатрешни работи.
„Надлежните велат дека нелегалната трговија го загрозува опстанокот на слоновите и носорозите“, додава вработен во Департментот за внатрешни работи.
Оваа година Претседателот Обама прогласи неколку споменици на природата, како планините Орган. крабрежјето и острови во Пацификот. Годинава беа доделени дозволи за екплоатација на нафта и гас од морето во близина на Мексико. Пустина во Калифорнија доби заштита од државата и стана место на ветерници за еколошки чиста енергија. Текот на реката Колорадо беше проширен до морето во Мексико, за да се реши проблемот со суши.
Заштитата на природата е еден од приоритетите на САД. Департментот за внатрешни работи и во 2015-та ќе работи на заштита на природните ресурси и културното наследство.
Ирина Гелевска- постојан дописник од Вашингтон за МРТ
