Традиционален концерт на Виенската филхармонија во првиот ден од Новата година
31.12.2014 12:47
Годинава ќе биде надополнет со претстава на Австрискиот државен балет...

Во првиот ден од Новата 2015-та година како и секогаш ќе уживаме во традиционалниот концерт на Виенската Филхармонија.
Годинава ќе биде надополнет со претстава на Австрискиот државен балет.
На музика на Јохан Штраус, танчарите ќе продефилираат пред публиката во специјални костими, дизајнирани од најголемите имиња во модата како Вивиен Вествуд, Валентино и Кристијан Лакроа.
Новогодишниот концерт на Виенската филхармонија ќе може да го проследите на утре на МРТ1, со почеток во 11 часот и 15 минути.
