„Црниот пантер“ замина во легендите

Почина Еузебио!

05.01.2014 13:55

Додека позитивните мисли на спортските фанови се насочени кон Михаел Шумахер чијашто состојба е непроменета, светот го напушти друга легенда, фудбалскиот „црн пантер“, Еузебио.

71 - годишниот Еузебио кој почина од срцев удар влегува во рангот на најдобрите фудбалери во историјата. Роден во Мозамбик славната кариера ја изгради во дресовите на Португалија и на Бенфика. Одигра 64 репрезентативни мечеви и постигна 41 гол, девет од нив на мундијалот во Англија 1966-та година на којшто беше најдобар голгетер, а Португалија заврши на третата позиција.

За Бенфика, Еузебио настапуваше 15 сезони, беше шампион на Европа, освои 10 домашни титули и пет купа и седум пати беше прв стрелец на португалското првенство. Кариерата ја заврши во САД и во Мексико со вкупно 733 професионални натпревари и 745 голови...