Кошарка – НБА

Антиќ стартер, Атланта победи!

31.12.2014 13:26

Атланта има ефект 23-8 или победа помалку од лидерот Торонто којшто загуби кај Портланд со 102:97 по продолжение, најмногу благодарение на Лилард кој постигна 26 поени...

Делот од актуелната сезона во 2014-та, Атланта го одигра одлично, па екипата на Перо Антиќ како втора во Источната НБА конференција ќе влезе во новата 2015-та година. Хоукс славеа против Кливленд со 109:101. Нашиот кошаркар беше во стартната петорка, затоа што отсуствувапе Хорфорд. Сепак, хендикепот на Кавалирс беше поголем поради неиграњето на Леброн Џејмс. За 24 минути Антиќ реализираше 5 поени, 2 асистенции и 1 скок.

Атланта има ефект 23-8 или победа помалку од лидерот Торонто којшто загуби кај Портланд со 102:97 по продолжение, најмногу благодарение на Лилард кој постигна 26 поени.

Портланд има најмногу победи во лигата - 26, но Голден Стејт е со најдобар биланс затоа што има два пораза помалку. Најефикасната екипа повторно имаше шутерско шоу во триумфот против Филаделфија со 126:86, во коешто најефикасен беше резервистот Спајтс со 23 поени.

Најдобриот поеденичен настап во програмата од десет натпревари го имаше ветеранот Брајант кој во победата на Лејкерс во Денвер од 110:103 учествуваше со 23 коша и по 11 асистенции и скока. За 36 - годишниот Коби ова беше 21-ви „трипл – дабл“ во кариерата и само двегодини постариот Данкан е повозрасен сопственик на вакво индивидуално постигнување.

Центарот на Сан Антонио ја немаше поддршката од Паркер и Леонард, па Спарс загубија кај Мемфис со 95:87. Домашниот кошаркар Конли со 30 поени беше играч на мечот.

Неочекувано, Чикаго по седум триумфи загуби дома од Бруклин со 96:82. Лопез со 29 поени беше клучен за петтиот триумф на Нетс во последните шест меча.

Во другите натпревари: Орландо - Детроит 86:109, Њу Орлеанс – Феникс 110:106, Далас - Вашингтон 114:87 и Јута – Минесота 100:94.