Новата година пристигнува- први ја дочекаа жителите на Кирибати

31.12.2014 13:52

Заедно со нив славеа жителите на Самоа, а веднаш потоа и Новозеланѓаните, со спектакуларен огномет во Оукленд...

Новата година почна да пристигнува – први ја дочекаа жителите на Кирибати, кои исто така последни ќе ја испратат, бидејќи двата најголеми острови од архипелагот се наоѓаат во првата и во последната временска зона.

Заедно со нив славеа жителите на Самоа, а веднаш потоа и Новозеланѓаните, со спектакуларен огномет во Оукленд.

Новата година исто така дојде и на најдалечниот и ретко населен Исток на Русија.

Астронаутите на Меѓународната вселенска станица ќе ја слават секој час, како што ќе ги поминуваат временските зони.