МВР со апел до граѓаните да се воздржат од употреба на огнено оружје и петарди на новогодишната ноќ

31.12.2014 14:22

Да не се нарушува јавниот ред и мир, со цел новогодишната ноќ да мине во мирна и безбедна атмосфера...

Во пресрет на новогодишната ноќ МВР апелира до граѓаните за максимално воздржување од употребата на огнено оружје, петарди или други пиротехнички средства.

Да не се нарушува јавниот ред и мир, со цел новогодишната ноќ да мине во мирна и безбедна атмосфера.

На возачите им порачуваат внимателно возење и почитување на сообраќајните правила, задолжителна зимска опрема и да не се седнува зад волан под дејство на алкохол.

Полицијата ќе ги зајакне позорните и сообраќајните патроли, пред се на местата и објектите каде што ќе се организира пречек на Новата година.