Пандев најверојатно останува во Турција
Најреална опција сепак на крајот ќе излезе останувањето во Галатасарај, иако не се нереални опциите за враќање во Серија А...

Откако пропадна трансферот во Џенова на Горан Пандев му останува да реши уште на стартот на зимскиот преоден рок и на Новата 2015-та, каде ќе ја продолжи кариерата.
Најреална опција сепак на крајот ќе излезе останувањето во Галатасарај, иако не се нереални опциите за враќање во Серија А.
Во игра е и Милан кој ќе сака да го пополни местото на Кесуке Хонда кој ќе игра за Јапонија на престојниот Азиски куп, а тренерот на „росо-нерите„ Филипо Инѕаги го планира и соиграчот на нашиот интернационалец, Весли Снејдер, како и италијанските фудбалери Дијаманти и Верди.
Интерес за екс македонскиот репрезентативец покажува и англискиот премиерлигаш Евертон. Предводникот на „карамелите“, Роберто Мартинез сака да има опција плус во нападот со искусен играч, па Пандев според сите досегашните трофеи и ефект е одлично решение.
Ако се најде заедничко решение финансискиот момент би бил најлесно решен со оглед на моќта на клубот од Ливерпул.
Сега, и челните луѓе на Галатасарај и новиот кормилар Хамза Хамзаоглу имаат надеж дека Горан Пандев има капацитет и квалитет со своите игри на турскиот гигант да му понуди многу повеќе во трката за домашната шампионска титула, и се погласни се желбите тој да остане во Истанбул.
