Брима Галуп: Македонците во 2014-та среќни, оптимисти за 2015-та
31.12.2014 14:51
Според истражувањето, 33 проценти од Македонците се оптимисти за престојната 2015-та година, дека ќе биде подобра од годинава што изминува...

Македонците во 2014- тата се чувствувале среќни. Вака изјавиле 54 проценти од анкетираните граѓани во истражувањето на „Брима Галуп“. 11 насто се изјасниле дека се несреќни.
Според истражувањето, 33 проценти од Македонците се оптимисти за престојната 2015-та година, дека ќе биде подобра од годинава што изминува.
40 насто сметаат дека ќе биде иста како оваа.
Најсреќна држава е Фиџи каде дури 93 насто од испитаниците рекле дека се среќни, а во државите на Европа, Финците се декларирале како најсреќен народ.
Истражувањето е спроведено во 65 држави.
