Ристовски повторно на релација Парма-Латина

31.12.2014 14:52

Италијанските медиуми објавуваат дека раководството на Латина е заинтересирано да го види повторно во своите редови десниот бек, кој одигра успешно мината сезона за овој клуб.

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски многу веројатно од јануари ќе биде вратен во екипата на италијанскиот второлигаш Латина.

Италијанските медиуми објавуваат дека раководството на Латина е заинтересирано да го види повторно во своите редови десниот бек, кој одигра успешно мината сезона за овој клуб.

Преговорите со Парма се веќе во тек, па наскоро ќе биде познато дали Ристовски ќе се врати во старата средина.

Екипата на Парма се засили на десната бековска позиција со албанскиот репрезентативец Анди Лила кој трансферираше деновиве од грчкиот суперлигаш Јанина  и потпиша тригодишен договор со италијанскиот прволигаш.

Во тимот по повредата се враќа и Матиа Касани кој исто така игра на позиција десен бек, и затоа е многу реално, нашиот 22 годишен репрезентативец повторно да го облече дресот на Латина за која ланската сезона одигра 37 натпревари и постигна 3 гола.