Итна медицинска помош со домашно лекување и за празниците
31.12.2014 15:10
Со 22 медицински тима и осум дежурни ординации во поликлиниките ќе бидат на располагање во текот на деновите на празниците.

Службата за итна медицинска помош со домашно лекување за време на новогодишните празници ќе дава здравствени услуги 24 часа.
Со 22 медицински тима и осум дежурни ординации во поликлиниките ќе бидат на располагање во текот на деновите на празниците.
Поради ниските температури и лизгавите површини внимателност кај повозрасните граѓани.
Од службата препорачуваат хронично болните редовно да ја земаат терапијата. Апелираат- малолетната популација да не користи алкохолни пијалоци .
