Очекувања во 2015-та: Раст од 4%, нови инвестиции, намалување на невработеноста
Нови 25 странски компании почнуваат бизнис во Македонија. Во 2015-та ќе ги објават или изградат своите капацитети во зоните, не само во Скопје туку и во внатрешноста...

Раст на економијата од 4 проценти, намалување на невработеноста, нови инвестиции и подобар амбиент за домашното стопанство се приоритетите на владата во новата 2015- та година.
Нови 25 странски компании почнуваат бизнис во Македонија. Во 2015-та ќе ги објават или изградат своите капацитети во зоните, не само во Скопје туку и во внатрешноста.
Според вицепремиерот Ставрески досега преземените мерки, откупот на дворно место, отписот на долговите, зголемување на социјалната помош, помогнаа во подобрувањето на стандардот на граѓаните.
„Приоритет број еден и натаму останува намалувањето на невработеноста, а за да се случи тоа потребни се инвестиции. Тоа значи дека привлекувањето на странски инвестиции и опстојување на добриот амбиент за домашните инвеститори, ќе претставува приоритет на Владата за 2015-та година“, изјави вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.
Добриот економски раст го заживеа и кредитирањето, вели гувернерот Богов. Последните податоци велат дека тој се приближи до 10 проценти. Довербата во домашната валута се потврди.
Девизниот пазар е стабилен, вели гувернерот. Главни генератори на економскиот раст во наредната година остануваат инвестициите.
„Охрабрува и тоа што кредитирањето на компаниите забрза. Веќе е над 8% на годишно ниво. Инфлацијата е под целосна контрола. Девизниор пазар е стабилен, курсот воопшто не е доведен во прашање. Депозитите продолжија да растат. Со еден збор- довербата во домашната валута и во банкарскиот сектор сеуште е на високо ниво“, смета гувернерот на НБРМ, Димитар Богов.
Македонската економија ќе остане стабилна и по обврските кои достасуваат во 2015- тата, вели Богов. 2014-та завршува со 2,4 милијарди евра девизни резрви.
Според НБРМ, предизвик останува состојбата во европските економии, од што ќе зависи и растот на македонската економија.
Дијана Ценевска
