Дечињата во детската клиника добија пакетичња од првата дама
Осумдестина дечиња со своите мајки, Новата година ќе ја пречекаат на Детската клиника. Со желби за здравје, среќа и побрзо да се вратат во своите домови, пакетчиња добија од првата дама, Маја Иванова...

Со насмевка на лицето, радост и песничка, петгодишната Марија ја пречека првата дама и синот Иван. Си посакаа среќна Нова година и многу здравје.
Марија има многу желби, кои и ги кажува на златната рипка која веќе подолго време и прави друштво. Новогодишната желба и ја шепна на Маја - сопругата на претседателот.
Иван на дечињата им подари пакетчиња, им посакаа многу здравје и што поскоро да се вратат во своите домови.
„Би сакал на сите дечиња и на сите семејства да им посакам среќни новогодишни и божикни празници со најискрени желби за многу здравје, среќа, успеси, љубов, бериќет и само позитивни мисли во Новата 2015 година“, изјави Иван Иванов, син на претседателот Ѓорге Иванов.
За миг се врати насмевката на детските лица.
„Со една позитивна мисла и енергија, со едно мало внимание и со поздравување со рака, на сите дечиња кои ќе останат на Клиниката им се врати насмевката“, посочи Аспазија Софијанова, директор на Детската клиника.
80 дечиња новогодишната ноќ ќе ја минат со своите мајки во детската клиника. Најголем дел од нив на онкологија.
Наташа Гркова-Петрушевска
