Новата година пристигна на најисточниот дел на Пацификот

31.12.2014 15:33

Среќна нова година од најисточниот дел на пацификот. 2015-та година прва ја дочека островската нација Кирибати. Стрелките на часовникот најдоцна ќе се поклопат на Хауленд Ајленд ...

Среќна Нова година од најисточниот дел на Пацификот. Веќе почнаа да пристигнуваат честитките, забавата зема замав. 2015 година и прва и последна ја дочекува островската нација Кирибати. Архипелагот е своевиден феномен, поделен во двете најдалечни временски зони – први новата година ја дочекуваат жителите на Божикниот остров, а последно доаѓа на главно ненаселените Хауленд Ајленд и Бејкер Ајленд.

По нив, прославата ја почнаа и островјаните во Самоа, а првиот голем град што веќе го смени календарот е Оукленд во Нов Зеланд, каде што 2015 беше дочекана со спектакуларен огномет од највисоката кула. Истовремено се славеше на Фиџи, Тонга и на Антарктикот, по што почна и една поинаква прослава – Австралијците на јужната хемисфера празниците ги дочекуваат лете, на плажа. Сепак не изостана Дедо Мраз што сурфа на брановите и големиот огномет над Харбор Бриџ и Сиднејската опера.

Една посебна честитка дојде и од небото – астронаутите на Меѓународната вселенска станица во орбита околу Земјата ќе влезат во наредниот дури 16 пати, што значи дека исто толку ќе ја слават Новата 2015 година.

„Им посакаме на сите среќна и бериќетна 2015 година. Ние со колегите имаме одлична можност да ја прославиме на вселенската станица. Вие чувајте се, а ние ќе славиме 16 пати во орбитата“, вели Тери Виртс, инженер на летање.

Светот ќе го дочека Дедо Мраз во Москва и лудо ќе се забавува на традиционалната новогодишна забава на Тајмс Сквер во Њујорк, каде што последните секунди од старата година ќе ги одбројува кристалната топка. Незаборавна ќе биде и големата прослава во бело на Копакабана во Рио, а Новата година последни ќе ја дочекаат жителите на Хаваите.

 

Ивана Салтировска