Премиерот Груевски го посети СОС Детското село
Во СОС Детското село Македонија се згрижени 61 дете и 31 младинец од 15 до 19 годишна возраст...

Премиерот Никола Груевски и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска го посетија СОС Детското село Македонија и на дечињата им врачија новогодишни пакетчиња.
Изминатата година ја одбележавме со одлична соработка со СОС Детското село. Почнавме финансиска поддршка на сите згрижувачки семејства ангажирани во Детско село и така ќе продолжиме. Почнавме и една современа и квалитетна програма за едукација на згрижувачките семејства во Македонија, во соработка со Детско село, изјави министерот за труд и социјална политика Спасов.
Досега, додаде, се обучија над 40 згрижувачки семејства, 20 обучувачи на потенцијални згрижувачки семејства со што се покажува и успехот на кампањата што стартуваше оваа година за зголемување на бројот на згрижувачките семејства.
