Србија, нов спаринг партнер
Македонските ракометари денеска (18.30, МТВ 1) ќе играат со Србија во последниот подготвителен натпревар пред Европскиот шампионат во Данска. Нашиот национален тим во петокот ја совлада Црна Гора, исто така во Кале, а и Србите беа подобри од составот на Зоран Кастратовиќ со 32-25, вчера, во второто коло од турнирот на три селекции во Скопје.

Тестот против Србија ќе биде добредојден за кормиларот на Македонија, Ивица Обрван, со оглед на проблемите со коишто се соочи нашата репрезентација во пресрет на континенталниот собир. Против српската одбрана Обрван ќе може да го испроба нашиот ослабен напад без повредените Наумче Мојсоски и Филип Лазаров. Победата секако ќе значи и зголемено ниво на самодоверба пред дуелите на Европскиот шампионат со домаќинот Данска, со Чешка и со Австрија.
Ако не бидете на трибините во СРЦ „Кале“, контролниот натпревар Македонија – Србија ќе можете да го гледате на првиот програмски сервис на МТВ, од 18 и 25.