Последни подготовки за дочек на Новата година
Се прават последните подготовки за полна трпеза, се купуваат подароци за најблиските. Во кафулињата и рестораните забавата почна...

Дедо Мраз не ја заобиколи македонската метропола. Во Скопје пристигна во 13 часот. Се спушти со јаже од Портата Македонија. На децата им донесе пакетчиња и играчи, на возрасните им посака најубави желби.
„Различни подароци, кој што сака, по некој лап- топ, по некој таблет, разни пакетчиња и други разни играчки“, рече Дедо Мраз.
Најрадосни беа децата. Студеното време не беше пречка да дојдат и да го видат најомилениот дедо.
На плоштадот вообичаена празнична глетка. Оние кои не стигнале да купат храна и облека за новогодишната ноќ, денеска ги прават последните подготовки.
„Се е подготвено, спремно... Фамилијарно ќе поминеме“, велат дел од граѓаните.
Празничната магија и снегот што падна ја поттикнаа и потрошувачката на потопла облека.
„Поголем е прометот последниве неколку денови“, вели вработен во продавница.
Традиционално, со музика по кафулињата и рестораните се подгрева новогодишната атмосфера.
„Од атмосферата тука се гледа како ќе помине и оваа година“, ијзави менаџер на кафуле.
За неколку часа ќе ја испратиме старата година и ќе ја дочекаме новата со нови желби и надежи.
Најдолгата ноќ во годината е пред нас. Ситно броиме до почетокот на 2015 година. Некои старата 2014-та ќе ја паметат по добри работи, други по лоши, но сите со позитивни мисли ќе ја дочекаат новата година. Кој може да остане рамнодушенна новогодишното расположение.
Сунчица Николовска
